Услуги

Вулфинет овозможува компјутерска поддршка со хардвер и софтвер за вашиот бизнис. Можеме да го поправиме или надградиме вашиот постоечки хардвер или да ви препорачаме нов доколку поправката или надградбата чинат повеќе од дозволеното. Ги поддржуваме сите Microsoft Windows оперативни системи. исто така даваме поддршка на GNU/Linux базирани системи. Го подржуваме слободниот софтвер и нудиме решенија базирани на него.

Ова се дел од нашите услуги:
• Месечно одржување ( Проверка на функционалноста на компјутерите и компјутерската мрежа еднаш неделно, зачувување на податоците на надворешна локација, поддршка на повик вон неделната проверка за итни проблеми, решенија за сите проблеми поврзани со работните станици и компјутерската мрежа).
• Продажба и поставување на компјутерски мрежи од програмата на Cisco Systems, Linksys и R&M.
• Продажба и поставување на системи за видео надзор, алармни системи, контрола на пристап, контрола на сообраќај со рампи, евиденција на работно време и противпожарни системи.
• Грижа за безбедноста на компјутерската мрежа и компјутерските системи. Изработка на сигурносни планови.
• Мрежни Решенија, консалтинг, проектирање и изработка на планови за поставување на компјутерски мрежа и имплементирање на истите.
• Аудио Видео решенија поставување на комплетна инсталација и проектирање на сите видови на аудио системи, монтирање на аудио опрема и звучници. Поставување на ТВ инсталации, монтажа на секаков вид на ТВ опрема, имплементирање на мини кабелски системи и сателитски системи. Продажба на ТВ и Аудио опрема од најквалитетни брендови.
• GNU/Linux Администрација и подесување на сервери (Web/FTP, рутер, VPN, Firewall и др.).
• Посредуваме во изработка на наменски софтвер и изработка на веб страни.
• Продажба на компјутерски делови, галантерија и изработка на компјутерски системи по нарачка.

Вулфинет располага со високо професионален стручен кадар, задолжен и подготвен во секое време да одговори на сите ваши потреби и барања со цел да Ви обезбеди комплетен копјутерски инжeнеринг во зависност од вашата потреба. Максимално професионално се придржуваме до договореното. Тоа би значело брз и ефикасен одговор на даден проблем, негово регистрирање и отстранување со што нашите услуги ви се достапни 24/7 односно ви стоиме на располагање 24 часа во текот на денот. Вршиме проектирање изведување и подесување на компјутерски мрежи (LAN, WAN и Wireless), подесување на мрежни системи (сервери, модеми, рутери, пристапни точки итн.), сервис и одржување на целокупната мрежна и компјутерска опрема (одржување на рутери, анти-вирусни и маил сервери, инсталација на драјвери, отстранување на вируси форматирање, преинсталција на оперативни системи итн.).
Вулфинет располага со сопствен современо опремен сервис со алат резервни и делови за да може ефикасно да ги задоволиме и отстраниме проблемите настанати во текот на работењето на клиентот.
Непобивна констатација е дека уште од самото свое создавање Вулфинет нема ниту еден клиент кој ги откажал Нашите услуги. Тоа е последица на тимската работа и професионалност кои се гаранција за нашиот деловен успех со што имаме успешна соработка со неколку реномирани фирми. Стручноста на нашиот кадар ја потврдуваат меѓународно признати сертификати (Cisco, Microsoft и CompTIA: MCSE, MCSA, CCNA, A+, Linux+, Network + и CIW) од областа на: мрежното поврзување, одржување на сигурноста и стабилноста на компјутерските системи.
Се надеваме дека Нашата понуда ке ги задоволи сите Ваши потреби.
Нашиот тим ви стои на располагање!

Вулфинет дооел Скопје - Продажба и поставување на компјутерски мрежи и системи.